Владата во Мадрид утрово го разреши од должност началникот на каталонската полиција „Мосос д’Ескуадра“, Жозеп Луис Траперо, еден ден по воведувањето директна контрола врз регионот поради желбата за отцепување од Шпанија.Решението е потпишано лично од шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Соидо Алварес.
Смената на Траперо е објавена во службениот весник на шпанската Влада. Тој истакна дека ќе ја почитува одлуката, но засега од каталонските официјални претставници нема никаква реакција.
По неговата смена, Траперо ќе им се приклучи на веќе отстранетите Сесар Пуиг, генерален секретар на каталонското Министерство за внатрешни работи и Пере Солер, кој беше шеф на каталонската полиција.
Каталонскиот парламент вчера прогласи независност, по што шпанскиот Сенат и одобри на Владата на Маријано Рахој да воспостави директна контрола на Мадрид врз Каталонија и смена на регионалните власти.
Специјалните мерки синоќа беа објавени во интернет изданието на шпанскиот службен весник.
Шпанскиот премиер, кој сега ги презеде овластувањата на каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон, го распушти регионалниот парламент и распиша нови избори за 21 декември.
Пуџдемон и 12 членови на каталонската влада веќе нема да добиваат плата и би можеле да бидат обвинети за злоупотребување на функциите доколку одбијат да ги почитуваат одлуките.Решението е потпишано лично од шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Соидо Алварес.