Официјална покана за посета на програмерскиот маратон Codefest

Организаторите на програмерскиот маратон Codefest, упатуваат официјална покана до сите медиуми, гости, поддржувачи, ентузијасти и посетители, да присуствуваат на настанот и да ги поддржат учесниците, организаторите, менторите и жирито во текот на маратонските 32 часови „Истрага на местото на кодирањето“.Оваа година Codefest ветува возбудлив настан во текот на кој се предвидени интересни посетители, гости и говорници. Г-дин Асиф Раџа, основач и генерален менаџер на Mindmakr, платински партнер на Codefest, ќе се обрати пред присутните во 14:30 во сабота и ќе го сподели неговото искуство од работата во Apple, како и искуството со основањето на неговата компанија. Г-дин Ербил Караман, Продукт Менаџер во Facebook, ќе се обрати пред присутните во сабота во 19:00 часот со мотивациски говор и ќе ја раскаже сопствената приказна и тоа како стигнал до кариерата во Facebook и што значи да се биде дел од Facebook. Марко Чаласан, македонскиот компјутерски гениј, ќе го посети настанот и ќе ги поздрави присутните пред почетокот на финалните претставувања на тимовите, во недела од 13:00 часот.
Интересот за Codefest оваа година ги надминува очекувањата на Организаторите, со пријавени рекордни 40 тимови од кои 25 беа селектирани за да учествуваат на натпреварот. Ментори и жири составено од професионалци од ИТ и поврзани области од индустријата и академијата ќе го поддржат настанот со својата експертиза и ќе им помагаат на тимовите да ги реализираат своите идеи, а и ќе одлучат за победниците.
Сите заинтересирани кои нема да се во можност да го посетат настанот, можат истиот да го следат преку livestream на www.live.codefest.ninja, а медиумските новости ќе се објавуваат на www.media.codefest.ninja, на Facebook страницата
https://www.facebook.com/pages/Codefest/926573710705257 и на Twitter профилот
https://twitter.com/CodefestInfo. Агендата за настанот може да се најде на
https://media.codefest.ninja/Article/codefest-2015-agenda.
Codefest почнува во сабота со официјално отворање во 10:00 часот, а завршува во недела во 17:00 часот со официјално прогласување на победниците.Оваа година Codefest ветува возбудлив настан во текот на кој се предвидени интересни посетители, гости и говорници. Г-дин Асиф Раџа, основач и

Пронајдете не на следниве мрежи: