Чудото што многу од нас очекуваа, беше официјално најавено – Microsoft ја укинува забраната да се произведуваат смартфони со логото на Nokia, а заедно со тоа правата над брендот се предадени на фирма која ќе го преземе понатаму.За што точно станува збор? Ќе споделиме со неколку зборови – правата главно се поделени меѓу две фирми – ќерката на Foxconn, која се нарекува FIH Mobile, како и новоформираната финска компанија HMD Global Oy.
Додека компанијата на Foxconn само ќе ги произведува смартфоните (исто и таблети), HMD ќе ги држи основните права и ќе се занимава со сè друго, вклучувајќи маркетинг и популаризација. Самата компанија Nokia нема да остане страничен набљудувач, а ќе заземе главно место во одборот на директори, за да се увери дека уредите ќе бидат она што корисниците го заслужуваат.
Арто Нумела, кој досега беше мобилен директор во Microsoft, ќе ја заземе функцијата на извршен директор во HMD. Пред Microsoft, тој работел за Nokia околу 10 години, па претпоставуваме компанијата ќе биде во добри раце. За да му помага, на чело на претседателската функција застанува Флориан Сејшели, кој исто така доаѓа од Microsoft и има минато со Nokia.
Дали е тоа револуционерниот момент кој сите очекуваа? Останува да дознаеме. Не е јасно кога точно ќе ги видиме првите уреди со Android од Nokia и HMD. Меѓутоа, јасно е дека тие ќе имаат што да покажат!За што точно станува збор? Ќе споделиме со неколку зборови – правата главно се поделени меѓу две фирми – ќерката на Foxconn, која се нарекува