Манчестер Сити и официјално преку нивниот веб сајт потврдија дека Манчини е отпуштен.
Иднината на Италијанецот во Манчестер Сити веќе подолго време беше на „стаклени нозе“ откако веќе две сезони по ред тимот ја напушта Лигата на шампионите во групната фаза, а поразот во финалето од ФА купот беше клучен за оставката на Манчини.
“Со жалење објавуваме дека Роберто Манчини е ослободен од обврските како менаџер на Манчестер Сити„ стои во соопштението на клубот.
Како наследник на Манчини се споменеува Мануел Пелегрини. Манчестер Сити и официјално преку нивниот веб сајт потврдија дека Манчини е отпуштен.