Јавното обвинителство на Република Македонија ги следи случувањата и објавите во врска со организирањето и спроведувањето на изборите на 11 декември 2016 година. Во таа насока, формирана е Комисија за следење на изборните нерегуларности со задача да постапува во сите настани каде постојат индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите. За сите настани за кои јавното обвинителство ќе оцени дека има сомнение за евентуално сторени изборни нерегуларности дава задолженија до Основните јавни обвинителства за итно постапување, информираат од ЈОРМ.Интегрален текст од соопштението на Јавно обвинителство
Во насока на запознавање на јавноста со досега преземените активности, Јавното обвинителство на Република Македонија известува дека до овој момент врз основа на случени кривично правни настани се оформени вкупно 42 предмета.
Од нив 20 предмети се оформени по службена должност по допрен глас по наводите објавени во медиумите, на порталите, по социјалните мрежи.
Оформени се три предмети по кривични пријави поднесени од физички лица за сторено кривични дела поврзани со изборниот процес.
Деветнаесет предмети се оформени и по нив се постапува од поднесоци доставени од здруженија на граѓани, политички партии и институции. Од нив, два предмети се оформени по испратен поднесок на електронската адреса на Комисијата за следење на изборни нерегуларности, останатите седумнаесет се оформени по писмено доставување по пошта на пријави.
Голем дел од пријавите поднесени од здруженија на граѓани или политички партии, пристигнаа по оформување на предмети по допрен глас за истите настани. Стигнатите кривични пријави беа придружени кон основниот предмет оформен по допрен глас и препратени кај надлежните обвинителства на натамошно постапување.
Сите 42 оформени предмети ги препрати на итно постапување до надлежните Основните јавни обвинителства. При тоа, согласно дадените насоки од Јавното обвинителство на Република Македонија, Основните јавни обвинителства во секој од предметите итно преземаат мерки и дејствија со цел расветлување на настаните, утврдување на фактите за откривање на евентуална кривична одговорност. Се испитуваат подносители на пријавите, сведоци, лица кои можат да помогнат во откривање на настаните, издадени се бројни Наредби до Министерството за внатрешни работи за прибирање на потребни факти и податоци во предметите, како и до други институции за прибирање на потребни информации. Постапувањето на Основните јавни обвинителства ќе продолжи се до утврдување на фактичката состојба и донесување на јавно обвинителска одлука. За што Јавното обвинителство на Република Македонија дополнително ќе ја извести јавноста.
Јавното обвинителство преку Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку редовното работење на надлежните Основните јавни обвинителства ќе продолжи со постапување во сите предмети, стручно, професионално и итно, ценејќи ги сите основи кои укажуваат на основи на сомнение или основано сомнение за сторени изборни нерегуларности.
Воедно, Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции, сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса [email protected] и до сите надлежни Основни јавни обвинителства.Интегрален текст од соопштението на Јавно обвинителство
Во насока на запознавање на јавноста со досега преземените активно