Разочарана патничка решила да го сподели своето непријатно искуство со читателите на српскиот портал Ексклузива.ба и да ги запознае сите со крајниот непрофесионализам на агенцијата со која патувала како и со нејзините возачи.Еве ја нејзината трагична приказна…
„Агенцијата со која се возев, вози на релација на Сараево- Швајцарска преку Италија,каде и била нејзината посакувана дестинација.
Еден месец пред тоа ја резервирав картата во двата правци, со тоа што не може да се купи повратна карта, бидејќи картата се купува во автобусот на лице место. Уште од самото заминување можев да забележам колку се непрофесионални. Возачите патниците им се обраќаа со „Ти“ без никакво почитување. Го користеа зборот „сестро“ бидејќи да кажат Г-ѓо или Г-це им беше сигурно многу тешко.
Неколку дена пред враќањето од Италија се јавивме во агенцијата во Тузла каде им е и седиштето да ја потврдиме резервацијата , каде вработената ни рече дека резервациите постојат само треба да ги контактираме возачите за да се договориме во колку точно часот ќе бидат во Италија во нашиот град.
За да бидеме посигурни, бидејќи возачите ни беа доста чудни со нивното некултурно однесување, не сакаа да ни кажат ни во колку часот точно ќе тргнат од Женева,се јавивме на агенцијата во Берн за да ја потврдиме резервацијата.
Еден ден претходно му се јавив на возачот, за конечно да ми каже каде да го чекаме автобусот и во колку часот.
Нажалост го добив следниот одговор- „Ма што знам јас, јави ми се ти мене во 10 во петок тогаш влегувам во Италија“. На мојата молба да не не заборават тој ми одговори- „Немој ти да ме заборавиш мене да ми се јавиш“.
На 19.07. направив се по упатсвото во 9:30 се јавив на италијанскиот број кој беше недостапен во наредните неколку часа.
Аматерската и непрофесионална агенција си даде за право да ја игнорира резервацијата направена пред месец дена и сите наши повици, да не остават во Италија, толку километри далеку од дома без никакво решение како да се вратиме дома.
Најстрашното од се беше…
Околу 2 по полноќ некултурниот возач ми се јави и почна да ми вика по телефон- „Кој си ти? Што ме бараш толку касно? Што сакаш? Јас сум полн од Швајцарија. Е*и се! “ и ми ја спушти слушалката.
Секако дека ќе ги тужам за ваквото однесување и безобразлук спрема клиентите, но освен тоа сакам да ги предупредам сите луѓе убаво да проверат со кого ќе патуваат во иднина. Еве ја нејзината трагична приказна…
„Агенцијата со која се возев, вози на релација на Сараево- Швајцарска преку Италија,каде и била