Ограбен семеен дом во Скопје

Непознати сторители синоќа извршиле тешка кражба во куќата сопственост на И.Е. (29) на ул. „Груица Војвода“, во Скопје при што украле накит и пари во вредност од близу 3,8 милиони денари.Како што информира во денешниот билтен МВР, кражбата била извршена во периодот од 21.15 до 22.00 часот, така што сторителите  насилно влегле преку балконската врата на приземјето.
– Сторителите извршиле пребарување и претурање по просториите, при што во спалната соба пронашоле и одзеле метална каса во која имало пари во вредност од околу 600.000 денари, повеќе златни лири вредни околу 1.800.000 денари, разновиден златен накит во вредност од околу 2.100.000 денари и два рачни часовници. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.780.000 денари, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.Како што информира во денешниот билтен МВР, кражбата била извршена во периодот од 21.15 до 22.00 часот, така што сторителите  насилно влегле п

Пронајдете не на следниве мрежи: