Непознат маскиран сторител утрово во 2.10 часот на бензинска пумпа на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје извршил разбојништво. Како што соопшти денеска МВР, сторителот со закана со нож од вработените ги одзел парите од дневниот промет. Кога еден вработен се обидел да го спречи во намерата, сторителот замавнал со ножот и му нанел удар во близина на десната слепоочница. Вработениот со итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.Како што соопшти денеска МВР, сторителот со закана со нож од вработените ги одзел парите од дневниот промет. Кога еден вработен се обидел да го спр