Ограничување: Забрана за лет на европските авиокомпании преку територијата на Русија?

Русија би можела да воведе ограничувања или забрана за европските авиокомпании за користење на транссибирските рути, како одговор на европските санкции за Москва, со што би се зголемиле трошоците на летовите на авиопревозниците од Европа кон Азија, пишува Ведомости.Руската авиокомпанија Добролет, која е под државна контрола на Аерофлот, минатата недела мораше да ги откаже сите летови, бидејќи нејзиниот договор за лизинг за набавка на авионот „Боинг 737-800“ бил стопиран, со оглед на тоа дека ЕУ ги прошири санкциите и на тој авиопревозник поради летовите кон Крим.
Спoред Ведомости, руското Министерство за надворешни работи и Министерството за сообраќај го разгледуваат потенцијалното воведување на ограничување на транзитните летови преку руската територија, а со оваа забрана нема да бидат погодени само европските превозници, како што се Луфтханза, Бритиш ервејс и Ер Франс, туку и самиот Аерофлот, кој на компаниите им наплатува такси за прелетување над руската територија.Руската авиокомпанија Добролет, која е под државна контрола на Аерофлот, минатата недела мораше да ги откаже сите летови, бидејќи нејзиниот договор

Пронајдете не на следниве мрежи: