Огромен број на доброволци за иселување на Марс

Над 78 000 лица изразија желба да ја напуштат земјата засекогаш и да заживеат на Марс во рамките на амбициозниот телевизиски реалити проект, пренесе БГНЕС.
Организаторите планираат да создадат човечка населба на Црвената планета до 2023 година и ќе снима секој аспект од мисијата што ке трае цела деценија. Успешните кандидати треба да поминат низ двегодишна селекција и да се обучуваат уште седум години пред да заминат за Марс и никогаш повеќе да не се вратат на Земјата.
Коосновачот и генерален директор на организацијата за населување на Марс 1 Бас Лансдорп изјави дека очекува над половина милион кандидати да поднесат апликации до крајниот рок, до 31 август. “Со 78 000 кандидати за две недели животот на Марс се претвора во една најпосакуваните работи во историјата. Марс еден е мисија која го претставува целото човештво и вистински ќе биде оправдана само ако бидат претставени луѓе од целиот свет”, додаде тој.
Марс 1 доби кандидатури од над 120 земји, вклучувајќи над 3.500 од Велика Британија. Во рамките на процесот на аплицирање секој кандидат треба да објасни зошто сака да отиде на Марс во едноминутно видео. Во првата фаза од процесот ќе бидат избрани меѓу 50 и 100 кандидати.
Кандидатурите кои ги добивме, доаѓаат од различни круг личности, професии и возрасти “, изјави д-р Норберт Крафт, главен лекар на Марс 1.” Ова е важно, бидејќи тоа што го барате, не се ограничува во некој одреден круг на луѓе. Во првиот круг ќе бидат изберени најкреативните, најиздржливите и најмотивирани кандидати “, додаде тој.
Накрај и гледачите ќе гласаат и ќе ја изберат група од обучуваните кандидати кои ќе станат првите претставниците на човештвото на Марс.

Ако сакате да аплицирате и да ја претставувате Македонија на Марс, проверете на следниот линк дали сте квалификувани:
https://mars-one.com/en/faq-en/21-faq-selection/251-do-i-qualify-to-apply
Со среќа!Над 78 000 лица изразија желба да ја напуштат земјата засекогаш и да заживеат на Марс во рамките на амбициозниот телевизиски реали

Пронајдете не на следниве мрежи: