Актерката Сара Мишел Гелар направи голем гаф откако напиша погрешно име по веста за смртта на музичарот Џорџ Мајкл.Таа ги помешала Џорџ Мајкл и Бој Џорџ во објавата на Твитер, во која сакала да се прости од музичката ѕвезда.
Кога сфатила каква грешка направила, веднаш го избришала напишаното, кое гласело:
-Дали навистина сакаш да ме повредиш? Се чини дека да, 2016 годино. Почивај во мир Бој Џорџ, бев еден од твоите најголеми обожаватели.
Со зборовите „Дали, навистина, сакаш да ме повредиш?“, актерката алудирала на големиот хит на групата „Калчр клаб“, во која се прослави Бој Џорџ.
Набргу почнале да ѝ стигнуваат реакции дека згрешила, а актерката рекла дека слушнала погрешно име, а потоа ја добила вистинската информација.
Таа ги помешала Џорџ Мајкл и Бој Џорџ во објавата на Твитер, во која сакала да се прости од музичката ѕвезда.
Кога сфатила каква грешка нап