Почна практичната реализација на проектот „Купи куќа за млади“. Градежните компании ги потпишаа првите договори, се зголемува бројот на одобрени апликации и на оние достасани за разгледување. Интересот е голем, се градат цели типски населби.-Имаме комплекс на типски куќи во Радишани. Парцелите се со квадратура од 250 квадратни метри, а куќите со 108 квадрати. Целиот тој пакет чини 49.900 евра. Нашите тенденции се како компанија и во иднина да го поддржуваме овој проект и да бараме локации и можности за вакви мини урбанистички населби. Работиме и со луѓето кои имаат сопствено земјиште и со оние ќе обезбедат земјиште преку лицитации од општините, вели првиот човек на „Хот и Хот“, Роберт Хот.
Досега се одобрени 18 апликации, а се разгледуваат уште 80. Најголемиот дел од нив се за изградба на нови куќи, но дел се и за доградба или надградба.
-Од 18 одобрени барања се субвенционирани станбени кредити во вкупен износ од 609.002 евра. Вкупно одобрените субвенции изнесуваат 382.351 евро. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ помага при изработката на детални урбанистички планови и нивно финансирање, а ќе помагаме и онака како што најавивме, преку трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, вели лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.
Низ градовите во земјава во тек се карвани за „Купи куќа за млади“, преку кои се претставуваат условите и начините за учество.
-Бев да се распрашам за проектот „Купи куќа за млади“, сакам да видам кои се условите. Имам 26 години, планирам да градам на мое земјиште, вели Славиша Митовски од Тетовско.
Градежните компании се надеваат на добар бизнис, велат дека сега се елиминирани сите пречки и проектот непречено може да се реализира.
-Интересот е огромен, но политичката криза си го стори своето. Досега немаше можност за одобрување, меѓутоа сега веќе добивме сигнали и од Министерството за финансии и од банките дека договорите може да се потпишат, вели Хот.
Општините се подготвени со парцели и локации
Илинден, Кисела Вода, Кочани, Ѓорче Петров, Карпош, Сопиште, Свети Николе, Радовиш, Македонска Каменица, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп и Струга се општините во кои досега има одобрени барања за проектот „Купи куќа за млади“.
-Гевгелија веќе има урбанизирани плацови кои може да бидат понудени за овој проект, плацовите се наоѓаат на три различни локации во градот. Урбанизацијата е веќе завршена и има околу 500 парцели, вели градоначалникот Иван Франгов.
-За „Купи куќа за млади“ е направена урбанизација на 6,3 хектари на кои би имало околу 100 парцели наменети за проектот, вели градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
Вкупно во 49 општини се утврдени 50 локации со 7.000 парцели за куќи.
Како функционира проектот?
Проектот „Купи куќа за млади“ е чекор напред во однос на „Купи куќа, купи стан“. Поволностите се поголеми. На граѓаните на располагање им стојат две опции, субвенционирана рата или субвенционирано учество. Преку првиот модел, финансиската поддршка од државата изнесува 11 години, 8 години се покриваат 80 проценти од трошоците, во следните три половина од трошоците, односно главница и камата, за кредит до 50 илјади евра.
-Пресметките на Владата покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување, изградба или надградба на куќа, вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Ако месечната рата за кредитот изнесува 200 евра, во првите 8 години – 160 евра ќе плаќа Владата, а само 40 евра ќе плаќа корисникот на проектот. Деветтата, десеттата и единаесеттата година, месечната рата ќе се плаќа по половина, односно 100 евра Владата и 100 евра корисникот.
Каматата во првите три години изнесува 3,95 проценти, во четвртата и во петтата година 4,44 проценти, а потоа банката ја утврдува каматната стапка, но таа не смее да биде повисока од каматните стапки на редовните станбени кредити.
Со вториот модел, државата целосно го покрива учеството. Тоа значи дека за 50 илјади евра, поддршката изнесува 12.500 евра. За овој модел, каматната стапка е фиксна, 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 проценти на годишно ниво и тоа за цело времетраење на отплатата на кредитот.
Кредитот треба да се земе на период од најмалку 20 години, со можност за отплата по 12-та година. Додека трае државната помош, куќата не се смее да се оттуѓува, а услов е лицето да нема подигнато друг станбен кредит.
Услов е апликантот да биде на возраст до 35 или со наполнети 35 години, на свое име да нема друг стан или куќа. За поединец, максималните месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, а горната граница за брачна двојка е 1.300 евра.
Државно земјиште за 1 евро од квадрат!
Државата воведе и нова поволност за граѓаните, за едно евро од квадратен метар може да се купи земјиште за изградба на куќа во типска населба.
-Граѓаните ќе се спасат од големи трошоци, бидејќи во некои општини вообичаената цена на градежно земјиште, надвор од овие предвидени локации изнесува и по 100 до 200 евра за квадратен метар, вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Државата ги покрива и трошоците за водовод, канализација, за пат во типските населби.
-Со овој проект младите ќе добијат атрактивни локации, парцелите ќе бидат многу евтини, а притоа Владата максимално ќе ги субвенционира ако земат кредит, објаснува градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.
Дополнително, на граѓаните преку Министерството за транспорт им се ставени бесплатни проекти за типски куќи со различна квадратура. Заштедата само со оваа поволност се проценува на околу 2 илјади евра.-Имаме комплекс на типски куќи во Радишани. Парцелите се со квадратура од 250 квадратни метри, а куќите со 108 квадрати. Целиот тој пакет чини 49.9