Во Канцеларијата за проектот „Купи куќа за млади“, која е отворена во рамки на Управата за имотно правни работи во Велес, за неколку месеци досега над 500 граѓани на Велес пријавиле интерес за владините проекти.Како што информира Маре Оцевска одговорно лице во оваа канцеларија во Велес, поголем дел од заинтерсираните биле за новиот проект „Купи куќа за млади“, а помал дел за ланскиот проект „Купи куќа ,купи стан“.
– Најголем дел, претежно млади брачни парови со деца или нивните родители се интересираат за надградба на семејна куќа, а ние ги преупатуваме понатаму со процедурата, a за да склучат договор со банките за поволен кредит. Воедно се упатуваат во Општина Велес каде во Одделението за урбанизам им се издава дозвола за градба, за што е неопходно да достават градежно техничка документација, појаснува Оцева.
Таа информира дека има интерес кај велешани и за проектот „Купи куќа купи стан“ односно за купување на куќа или стан.
Зоран Мецанов раководител на Одделението за урбанизам при Општина Велес, информира дека за овој проект граѓаните на Велес освен на постоечките преостанати слободни плацеви за градба на оние делови од градот кои се урбанизирани, воедно имаат можност за градба и на нови плацови од новиот детален урбанистички план на Општина Велес како на пример во новата населба Трпезица кај Велес.
– На овој простор од 42 хектари, заинтересираните граѓани ќе можат да се изградат 344 нови станбени куќи, за што веќе постои интерес кај граѓаните,информира Мецанов.
Инаку овие владини проекти траат до крајот на годинава.Како што информира Маре Оцевска одговорно лице во оваа канцеларија во Велес, поголем дел од заинтерсираните биле за новиот проект „Купи куќа