Иксот буквално го означува центарот на Млечниот Пат, а овој феномен ни дава и податоци за формирањето на галаксијата.Иако звучи чудно, во центарот на галаксијата е забележан огромен икс. Истражувачите ги обработиле податоците и го потврдиле присуството на огромна структура во облик на буквата Х во центарот на Млечниот Пат, објавува НАСА.
Огромниот икс е направен од група ѕвезди што се движат околу центарот на галаксијата, надвор и внатре. Ваквите „испакнувања“ се среќаваат во галаксиите со облик на диск.
Ова откритие им даде суштински информации на научниците за начинот на кој се формирала нашата галаксија.
На пример, сега знаеме дека нашата галаксија водела релативно мирен живот, без големи експлозии и интеракции со други галаксии.
Со други зборови, знакот Х е показател на космичката чистотија, во смисла дека такви совршени форми не би се создале ако нашата галаксија се судирала со други галаксии.
Ова е среќна информација, и не само од естетски причини. Ако го разбереме начинот на кој се создава формацијата во центарот ќе ги разбереме клчните процеси што се формирале и ја обликувале нашата галаксија.Иако звучи чудно, во центарот на галаксијата е забележан огромен икс. Истражувачи