Продолжена туристичката сезона на брегот на Охридското езеро. Охрид и во септември полн со туристи. Најбројни се гостите од Холандија, Полска, Турција, Израел и Англија, но има групи од Мексико, Кино и Романија.Градот успеа да ја продолжи летната сезона. Изминативе неколку години таа почнува во април и трае до крајот на октомври.
– Ме радува тоа што во последниве години се забележува тренд на зголемување на бројот на туристи кои што се од сегментот на авантуристички туризам мислам дека Охрид и регионов ја зголемува понудата мислам дека се повеќе имаме привлекување на луѓе од планински туризам,изјави Аница Палацо од кластерот за туризам Еден.
Балканот е атрактивна туристичка дестинација, последниве години заеднички се настапува на светскиот туристички пазар, најактуелниот производ се Балканските тури, од кои дел се Охрид и Скопје.
– Сметам дека Балканот има многу повеќе капацитет за посериозен развој на туризмот, но за тоа е потребен системски пристап, вели Данка Милојковиќ претставник на Балканската мрежа на кластери.
– Убавината на Балканот, посебно природата и овде во Македонија морам да кажам дека имате фантастично опкружување, прекрасна природа, имате и езеро и сите можноти, акко ние во Данска само ви недостига маркетинг, вели Лас Елбек од Балканската мрежа за туризам.
Новите авиолинии на охридскиот и скопскиот аеродром, субвенциите на странските тур оператори, значително го зголемуваат бројот на туристи. Изградбата на патната инфраструктура, дополнително ќе го зголеми бројот на гости. Охрид се поврзува , се гради современиот автопат кон Кичево, а се реконструира и патот кон Битола.Градот успеа да ја продолжи летната сезона. Изминативе неколку години таа почнува во април и трае до крајот на октомври.
&ndash