Со марш и патриотски песни вечерва продолжија протестите на поддржувачите на движењето „За заедничка Македонија“ во Охрид. И овојпат ден протестот започна од плоштадот кај охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот „Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на главниот градски плоштад „Св. Климент Охридски“.Гоце Китески во нивно име истакна дека се тука за да ја штитат Македонија и да ја зачуваат за идните поколенија.
– Сакаме и бараме од Парламентот и пратениците нови избори, и локални и парламентарни за да ја спасиме Македонија, истакна тој.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се спротивставува на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.Гоце Китески во нивно име истакна дека се тука за да ја штитат Македонија и да ја зачуваат за идните поколенија.
– Сакаме и бараме од