Охридски опозиционери, не плукајте по тоа што е вредно, туку запрашајте се што вие направивте?

Ќе започнам со реченицата ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО Е НАЈВАЖНО!!! Ќе бидам кратка.Периодот кога ВМРО – ДПМНЕ  е на власт има видливи резултати во здравствениот систем.
Изградба на нови  и реконструкција на стари  болници,обучување на доктори во најсовремени Европски болници,носење на нов стручен кадар,вработувања,дисциплина,ред во работењето,нови успешни РЕФОРМИ. Е сето ова,сите овие видливи успеси им паѓаат тешко на оние кои беа на власт и ништо не направија. Па сега гледаат на било кој начин да ги оцрнат сите овие успеси во работењето ,служејќи се со лаги и манипулации. Само нека се потсетат и вратат наназад во нивното време на владеење како изгледаше една болничка услуга?
Сведоци сме сите  затоа што редовно ги посетуваме докторите …
Како прво во нивно време докторите ништо не работеа,пациентите со денови чекаа да дојдат на ред за еден обичен преглед,а истите немаа никакви права,за разлика од денес кога ние пациентите се здобивме со големи права ИМА РАЗЛИКА.
Како второ докторите не ги праќаа на усовршување да се стекнат со нови знаења зашто медицината тоа го бара ,за разлика од денес кога на докторите тоа им е овозможено ИМА РАЗЛИКА.
Како трето болниците беа стари,а условите во истите беа застрашувачки ,за разлика од денес кога се изградија нови и реновираа стари болници по сите високи стандарди ИМА РАЗЛИКА.
Во нивно време во болничките соби пациентите се тресеа од студ ,за разлика од сега каде има несекаде централно греење ИМА РАЗЛИКА.
Во нивно време болничките соби личеа повеќе на затворски соби со по десет и повеќе пациенти во соба,и со само едно купатило на спрат, со искршени тушеви,за разлика од денес кога болничките соби се апартмани ИМА РАЗЛИКА.
Пациентите се презадоволни од услугите,лекувањето,и сместувањето.
Болниците се на сите граѓани без разлика на политичка припадност. Ама опозицијата се дрзна  истите да ги користи за некои нивни политички цели. Измислувајќи лаги како немало греење во Охридската болница. И тоа го прават без тронка срам,кога самите се сведоци дека во Охридската болница има централно греење,и е претопло. Наместо да измислуваат лаги,смислете нешто корисно за граѓаните,како што тоа го прави ВМРО – ДПМНЕ. Сетете се што Вие сте направиле за граѓаните во Охрид?
Пишува Олга РистескаПериодот кога ВМРО – ДПМНЕ  е на власт има видливи резултати во здравствениот систем.
Изградба на нови  и реконструкција на

Пронајдете не на следниве мрежи: