Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајковски, денеска ја посети пешачката патека на брегот на Охридското Езеро во близина на село Подмоље.За изградба на патеката се инвестирани 12 милиони денари или околу 200.000 евра, но, според најавите на министерот Мисајловски, ќе биде проширана со дополниетлни содржини, а предвидена е и изградба на модерна плажа со ресторан, платформи, мало пристаниште,…
– Изградбата на новата плажа треба да почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година, информира Мисајловски.
Владата преку Министерството за транспорт направи и две нови плажи на преспанското крајбрежје, во Сливница и Стење, уште две во Дојран, а планира и изградба на плажа во Лагадин за што е веќе потпшишан Договор.
На преспанското крајбрежје е почната и реализацијата на пешачката патека долга околу пет километри, а уште две нови патеки, како што рече Мисајловски, се направени и во Дојран, едната долга 500 метри, а другата 150 метри.
– За плажата во Лагадин е потпишан договор, целата процедура е завршена, останува уште елаборатот за животна средина. Доколку биде одобрен од Општината, може да почнеме со градба, посочи Мисајловски во разговорот со Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека плажите што се направија во Преспа треба да бидат пример за сите.
– Треба да се направат плажи и во Охрид. Кога ќе се направат, луѓето ќе видат дека е позитивно тоа што се прави и ќе се намали отпорот кај помалите структури, истакна Груевски.
Поголем дел од граѓаните, рече, сакаат изградба на модерни плажи, но молчат, се слуша само гласот на малите еколошки здруженија кои се против.
Мисајловски додаде дека пешачката патека во Преспа ќе биде една од најголемите што ја прави Министерството, ќе опфати три локации, ќе овозможи поголемо раздвижување во регионот и, како што напомена, ќе привлече поголем број туристи.
– Гледаме да ги задоволиме сите барања на еколошките здруженија и поради тоа сме малку во застој, подвлече министерот за транспорт.
Груевски ќе ја продолжи посетата на Општина Дебарца во Горенци и Ботун каде се почнати повеќе инфраструктурни проекти.За изградба на патеката се инвестирани 12 милиони денари или околу 200.000 евра, но, според најавите на министерот Мисајловски, ќе биде проширана с