Граѓани на Охрид вечерва повторно со марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат, како што велат, својата загриженост за иднината на државата.
– Овде сум заедно со бројни почитувачи на македонското, како Македонец и професор по македонски јазик, човек кој поучува генерации ученици на патриотизам. Уште еднаш одовде да им порачам дека она што треба да го браниме како наш код, наша ДНК, како срж, тоа е нашиот јазик, рече Димче Донески, повикувајќи ги сите граѓани лојални на Македонија да се придружат во одбраната на унитарноста на државата.
Коста Карадимче забележа дека и мото на собирот „За заедничка Македонија“ кажува дека тука има место за сите, остава простор за соживот, но нагласи дека мора да се зборува македонски.
– ЕУ и НАТО треба да ни помогнат во овој миг, кога ни се најпотребни. Јас сум потомец на Христо Узунов кој во својот 27-годишен живот, онолку колку што постои оваа демократска Македонија, направи толку многу за оваа држава, а ние не можеме четврт век да живееме во заедништво… Секој нека зборува на својот мајчин јазик, но оваа држава е Македонија и нејзин јазик е македонскиот, рече Карадимче.
За актерот од Охридскиот театар Ивица Цонев, граѓанскиот собир има за цел да ја поддржи Република Македонија да истрае во овие тешки премрежија, во време, како што рече, кога ние самите ја креираме нејзината иднина.
– Да го заштитиме јазикот, културата, државата, онака како што ни ја оставиле нашите прададовци како завет и да ја оставиме и на нашите поколенија, уште попросперитетна, посплотена, рече Цонев.
Како и претходните два дена учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
– Овде сум заедно со бројни почитувачи на македонското, како Македонец и професор