Прочитајте што напишал некој смел Охриѓанец… Кога немат шо да се пишит, секогаш се пишит за некој безвезе теми кои воопшто немаат никаква врска со секојдневнието… Како во случајот со еден текст кои случајно го најдов на еден скопски портал и беше во врска со провинцијалците во Скопје..
Наводно, провинцијалците го гаделе градот Скопје, им праеле лош имиџ на главниот град и им ги превземале сите работни места.. А тешка трагедија е некој од источна Македонија шо живит во Скопје да те наречит провинцијалец… Некој си ја продаде куќата во Охрид да живит во Скопје, за иднина на децата…со триста маки заминал Скопје а овај ги нареквит едноставно провинцијалец..
Значит не ме навреди текстот шо ги нарекуват сите што не се од Скопје (Не живеам во Скопје и 90% од граѓани во Скопје не се чисти Скопјани..) провинцијалци… туку напротив ми даде инспирација да помислам пак на нашата состојба во Охрид..
Да фрлеше владава некој динар одпојќе накај Охрид, можда немаше толку масовно да се креваме за Скопје или Западна Европа… Еве например онај волон Петрески скоро една година го немат појќе и се прашвам во која насока е тргнат градов.. Некое слојче нов асфалт е фрлено по одредени улици…ама нешто друго???
Значит да е јасно, не го критикувам сегашниот градоначалник Бакрачески, шо да прајт чоекот кога остана со долг од милјони Евра од она прасено шо беше пред него… Сегашниот градоначалник ја добиват целата моја поддршка!
Ама јавно ја повикувам владата на Реп. Македонија да ИНВЕСТИРАТ барем и некој динар во Охрид, з’ш вака не се трпит појќе! Отворите барем некое фабриџуле и во Охрид, з’ш секогаш читам дека се отворила фирма во Тетово, Велес, Скопје, Штип или Битола….а ние во Охрид самите требит да се снајме? Ако се мислит дека цел град живит од туристи тогаш многу јако си се заебале, з’ш во рок од 4 месеци само 20% од народот во Охрид живит од туристите, назима се можда 5%, ито тие што имат стално решение во некој хотел…
И така, ден за ден ќе требит да си бараме работа во некој друг град… дали во Струга, Битола или на јаболка во Ресен не е битно, битно е да се извајт некој динар, з’ш само од убајна не се живит!
И пред да се објавит некој текст на портал колку да берит лајкој, првин нека се испитат кои го напишал… з’ш нашите провинцијалци шо ошле во Скопје на печалба ошле од мака и за својата иднина а не поради “лепотата„ на Скопје… сите знајме дека куче да врзиш во Скопје ќе избегат…
Извор: ohrigani.mkКога немат шо да се пишит, секогаш се пишит за некој безвезе теми кои воопшто немаат никаква врска со секојдневнието… Како во случајот со ед