Охриѓани порачаа: Предвремени парламентарни избори за излез од кризата

Граѓани на Охрид и вечерва протестираа во знак на поддршка за граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“. Тие со марш низ улиците на градот изразија загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија. Величе Маркоски, во име на учесниците на протестот, рече дека она што се случува во Охрид е народ, кој е тука да ги брани своите интереси и својот идентитет.
– Единствениот излез од оваа политичка и економска криза треба да се бара во предвремени парламентарни избори, истакна Маркоски.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.Величе Маркоски, во име на учесниците на протестот, рече дека она што се случува во Охрид е народ, кој е тука да ги брани своите интереси и својот

Пронајдете не на следниве мрежи: