Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа кај Удово, во која животот го загубија две лица.Сообраќајната несреќа се случи утрово, на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, кога се судриле автомобил марка Ауди А4 со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин Д.С. (1970), автобус на „Струмица експрес“, управуван од Ѓ.В. (1956) и автомобил марка Фиат сеиченто со скопски регистарски таблички, управуван од Н.П. (1975 г.).
Во несреќата загинаа возачот на автомобилот и неговата сопруга, Б.П. (1984 г.), додека нивниот седумгодишен син е повреден и во критична состојба е префрлен на скопските клиники. Повредена е и сопатничката во аудито, германска државјанка, која со потешки повреди е задржана во Општата болница во Велес.
Се работи на утврдување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа. Возачот на аудито, државјанин на Р.Србија, е задржан. Надлежен јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обдукција на телата на починатите лица, како и Наредба за технички преглед на автомобилот Ауди и на автобусот. Истовремено, земени се примероци од крв и урина на возачите, кои се ќе анализираат. Дополнително, се вршат разговори со сите инволвирани, со патниците од автобусот, како и со возачи-очевидци на сообраќајната несреќа.Сообраќајната несреќа се случи утрово, на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, кога се судриле автомобил марка А