Во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот.Основното јавно обвинителство – Скопје изврши увид во домот на улицата Елисие Поповски Марко, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде беше пронајдено телото на 53-годишната Ј.М.С., вработена како лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје, и работи на утврдување на причините за нејзината смрт.
При увидот кај Ј.М.С. е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот. Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од лице место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место. Дополнително, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти.
Во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот.Основното јавно обвинителство – Скопје изврши увид во домот на улицата Елисие Поповски Марко, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде беше п