Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека на 13.12.2016 година, во рамки на предистражна постапка што се води во ова обвинителство, извршен е претрес на дом на лицето С.В. во Куманово, соопштуваат од Обвинителството.Наредбата за претрес на дом е издадена од страна на Судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
-Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Имајќи ги предвид информациите пласирани во медиумите во врска со преземеното дејствие, особено изнесените информации дека требало да се приведува лицето С.В. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека преземените дејствија согласно издадената судска Наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето.Наредбата за претрес на дом е издадена од страна на Судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот с