четврток, 26 ноември 2026
Најново

ОЈО заедно со МВР вчера спровеле акција за откривање на организирана група за нелегална трговија со дрога

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал вчера спровела акција за откривање организирана група што извршувала кривични дела на нелегална трговија со дрога.– Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица, се вели во денешното соопштение од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Оттаму посочуваат и дека во тек е целосното документирање на случајот по што, како што велат, ќе ја информираат јавноста за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија.– Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и

Поврзани вести