Хуманитарната организација СВ.Спас од Драчево која е формирана во рамки на Црквата СВ.Спас, со помош и поддршка од Општинскиот комитет на Кисела Вода организираа ручек за 60тина семејства од ранливи категории.Имено како што истакна отец Оливер организацијата веќе подолг период обезбедува донации во продукти и истите ги дистрибуира на семејствата кои што се од различни населени места од државата, од различна националност и верска припадност.
Претседателот на ОК Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека општествената одговорност кон ранливите категории е еден од приоритетите во нивното дествување.
-Водејки се од демохристијанските вредности во изминатиот период имавме голем број на хуманитарни активности. Во таа насока е и денешниот ручек организираан за ранливите семејства, со кои остануваме во контакт за соработка и во периодот кој што следува, истакна Ѓорѓиевски.
Организацијата во моментов има 68 семејства, број кој од следиот месец ќе биде зголемен на 72, кои се благодарни за добиената помош.Имено како што истакна отец Оливер организацијата веќе подолг период обезбедува донации во продукти и истите ги дистрибуира на семејствата кои што