Кога огромното количество топлина коешто последните десетина години засилено го апсорбираат океаните во се вратило во атмосферата би се забрзал погубниот процес на климатските промени, заклучија научниците откако открија де океаните всушност помогнале да се ублажат ефектите од глобалното затоплување од 2000 година наваму.
Гасовите коишто ја задржуваат топлината се испуштаат во атмосферата побрзо од кога и да е и десетте најтопли години од почетокот на мерењата на температурните рекорди се забележани по 1998 година. Меѓутоа темпото сои коешто површината на Земјата се загрева е забавено од 2000 година, па научниците побарале објаснување на овој феномен.
Француските и шпанските научници утврдиле дека океаните апсорбирале повеќе топлина околу 2000 година што би можело да го објасни забавувањето на загревањето на површината на Земјата, меѓутоа и би можело да сугерира дека оваа своевидна „пауза” може да биде само привремена и кусотрајна.
„Најголемиот дел од овој енергетски вишок е апсорбиран во горните 700 метри од океаните на почетокот од забавувањето на океаните, од што 65 отсто во тропските делов на Тихиот Океан и Атлантикот”, пишува во студијата објавена во магазинот Nature Climate Change.
Водителката на истражувањето Вирхиниа Гуемас од Каталонскиот институт за климатски науки во Барселона изјави дека акумулираната топлина може да се врати во атмосферата идната декада и така да го поттикне дополнителното глобално затоплување.
Каролине Кацман од холандскиот Кралски институт за метеорологија, која не била вклучена во истражувањето, вели дека топлината којашто ја апсорбирале океаните ќе се врати во атмосферата доколку станува збор за океански циклус сличен на оној на ефектот од феноменот Ел Нињо загревањето и ладењето во Пацификот. Таа смета дека новото истражување ги потврдува претходните истражувања правени од нејзиниот институт, меѓутоа оти е малку веројатно дека може да претставува единственото објаснување за застојот во затоплувањето на површината на Земјата.
Брзината на климатските промени има големи економски последици бидејќи речиси 200 светски влади се согласија во 2010 година да го ограничат загревањето на површината на Земјата за помалку од два Целзиусови степена во однос на прединдустрискиот период. во прв ред со намалување на потрошувачката на фосилни горива.
Температурата на површината на Земјата се зголемила за 0,8 Целзиусови степени, а два степена се смета за праг за опасни промени, како што се зголемување на бројот на поплавите, свлечиштата, зголемувањето на нивото на морињата и сушните периоди.
Минатата 2009 година беше деветтата најтопла година откако во 1850-те години почнале да се забележуваат температурните рекорди. Со исклучок на 1998 година, десетте најтопли години сите биле по 2000 година. Загревањето се спушта во океанските длабочини, а некои научници проценуваат дека забавувањето во загревањето може да потрае 15 до 20 години. „Неодамнешното темпо на загревање на океаните на длабочина поголема од 700 метри е без преседан”, вели Кевин Тренберт од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања.
Климатските експерти коишто се ангажирани во комисијата на Обединетите нации, сметаат дека со најмалку 90-процентна сигурност може да се каже дека човековите активности а не природните осцилации во климата се главната причина за глобалното загревање последните неколку децении.
Макфакс
Кога огромното количество топлина коешто последните десетина години засилено го апсорбираат океаните во се вратило во