Околу 1.400 мигранти спасени од давење во Средоземно Море

Околу 1.400 мигранти, сместени во седум различни пловни објекти, вчера беа спасени во повеќе координирани операции во водите на Средоземно Море.Шест од седумте пловила биле гумени чамци, изјави припадник на италијанската крајбрежна стража, која ги координирала спасувачките операции.
Само во еден од чамците, чии патници биле спасени од брод со кој управувале припадници на хуманитарната организација „Лекари без граници“, се наоѓале околу 800 лица, вклучувајќи и речиси дваесетина деца, наведе организацијата.
Од почетокот на ноември речиси 5.400 мигранти се пристигнати во Италија, што е драстично зголемување во однос на 3.200 во текот на целиот ноември минатата година, потсетуваат француските медиуми.
Во водите на Средозмено Море годинава настрадаа повеќе од 4.000 мажи, жени и деца, наведуваат меѓународните организации.Шест од седумте пловила биле гумени чамци, изјави припадник на италијанската крајбрежна стража, која ги координирала спасувачките операции.

Пронајдете не на следниве мрежи: