Околу 1 милион евра недостигаат во извештајот на Катица Јанева кој ќе се најде пред пратениците и граѓаните. Тие не знаат како Специјалното јавно обвинителство ги потрошило во последните 6 месеци, кои се опфатени со последниот извештај, пренесува Прес 24.Извештајот кој според сите параметри е напишан „со нозе“ има само 16 страници, од кои, на најважното, финансиите, Јанева одвоила едвај една страница.
„Целокупното финансиско работење на Јавното обвинителство во извештајниот период се движи во рамки на одобрениот буџет, а согласно Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите бр.08-606/1 од 27.01.2016 година (Службен Весник на Република Македонија бр.14/16. Од одобрените средства за 2016 година во износ од 253.682.112,00 денари, во извештајниот период заклучно со 15-ти септември реализирани се средства во вкупен износ од 72.941.547,00 денари или 28,75% од буџетот на ова Јавно обвинителство. Во последниот квартал од 2016 година ќе следи реализација на буџетски средства по однос на превземени обврски по основ на доделени договори за јавни набавки. Најголем дел од одобрените буџетски средства во периодот 15-ти март до 15-ти септември се реализирани за подмирување на обврските по основ на договор за јавна набавка за изведување на градежни работи во вкупен износ од 8.505.777,00 денари. Истовремено, имајќи предвид дека до завршување на активностите за адаптација на објектот каде е сега веќе сместено седиштето на Јавното обвинителство, истото беше сместено во привремени простории, во функција на подмирување на превземените обврски за закуп, во наведениот период по основ на трошоци“, е сѐ што стои во извештајот напишан од Катица Јанева.
Прикажано табеларно, тоа изгледа вака:
Овие податоци покажуваат дека Катица Јанева не поднела извештај за што се потрошени околу 60.5 милиони денари или нешто помалку од 1 милион евра.
Во извештајот нема информации, колку Катица Јанева потрошила за плати за вработените обвинители и останатиот персонал. Не се знае колкава сума за 6 месеци им била поделена на експертите за да ги бранат ставовите во медиумите, ниту пак на луѓето кои протестираа пред обвинителството.
Според податоците кои по 3 месеци вистинска борба со СЈО конечно успеавме да ги добиеме, имаме информација, колку плата земаат обвинителите и колкави се трошоците за правните експерти на СЈО. Според последната пресметка за бруто-платата на обвинителите која ја имаме за февруари 2016 (ако Јанева од тогаш не си ја зголемила платата) месечно, бруто- платите на обвинителите не чинат нешто под 1.3 милиони денари. За 6 месеци, сумата е околу 7.3 милиони денари за плати и придонеси за обвинителите.
Имаме информација и за тоа колку се платени правните експерти на СЈО. Според податоците кои по 3 месеци Јанева конечно мораше да ни ги достави, само 8 правни експерти за 6 месеци земале нешто под 20 илјади евра или 1,1 милиони денари.
Треба да се има предвид дека ова се само правни експерти, а Јанева има ангажирано експерти од сите области. За медиуми, за архитектура, за односи со јавност и за што ли уште не. Колку пари земаат и кој се е на платниот список на СЈО, поднесовме барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер уште пред 1 месец, но до сега нема одговор.
Оние податоци со кои ние располагаме, ставени на табела, изгледаат вака:
Во такви услови, повторно не знаеме каде Катица Јанева потрошила 52 милиони денари или нешто над 850.000 евра. Ако се има предвид дека за 6 месеци, Јанева добива на 4 милиони евра, а од нив на јавноста им прикажува каде се потрошени помалку од 1 милион евра, граѓаните со право се прашуваат, дали со останатите 3 милиони евра СДСМ преку СЈО корумпира новинари, плаќа на оние кои одработиле во протестите и обезбедува медиумска поддршка пред изборите.
Ако се има предвид дека СОРОС годишно троши околу 5 милиони евра во борбата на СДСМ против власта, отворено се поставува прашањето, дали СЈО, стана нов СОРОС на СДСМ?
Доколку самите сакате да побарате каде СЈО ги потроши парите, нивниот извештај можете да го преземете тука.Извештајот кој според сите параметри е напишан „со нозе“ има само 16 страници, од кои, на најважното, финансиите, Јанева одвоила едвај