На 10 ноември 2016 година, царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со полициски службеници на граничниот премин Табановце, во автомобил со германски регистарски ознаки запленија околу 12,5 килограми марихуана.Имено, на 10 ноември 2016 година, околу 22:00 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија беше запрен автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од лицето Е. Д. Р. косовски државјанин, со кое патувало уште едно лице – германски државјанин. При контрола на возилото со царинско куче, на повеќе места (фабрички шуплини) беа пронајдени вкупно 40 опаковки обвиткани со најлонска фолија, наполнети со зелена тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога се добиени индикации дека се работи за марихуана, со тежина од околу 12,5 килограми.
Од спроведената предистражна постапка, од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинска управа на РМ се собрани докази кои укажуваат дека осомиченото лице требало марихуаната да ја пренесе од Косово во Германија.
По комплетирање на сите докази, Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка.Имено, на 10 ноември 2016 година, околу 22:00 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија беше запрен автомобил со герман