На територијата на Турција во близина на границата со Сирија има четири кампови на терористички организации, јавија дел од турските медиуми повикувајќи се на извештај на полицијата од округот Дијарбекир.– Терористичките групи Исламска држава и Џебхат ал Нусра во Турција формирале четири кампови за обука, во кои се наоѓаат околу 14.700 луѓе од Блиски Исток, Северна Африка, Централна Азија и Кавказ, се посочува во полицискиот извештај.
Инфраструктурата за камповите е воспоставена уште на почетокот на 21 век од Ал Каеда, а од 2011 година, кога почнаа судирите во Сирија членови на терористичките органзиации повторно се вратија во регионот.
– За снабдување на борците со експлозиви и оружје се користат легалните и илегалните гранични премини. За жал, фактот дека територијата на Турција се користи од терористите за влез во Сирија и штети на меѓународниот имиџ на Турција, бидејќи земјата се претставува како помагач на терористичките групи, се посочува во извештајот.
Полицијата предупредува од евентуални терористички напади во Турција.
– ИД планира напади во Турција, за да ја принуди земјата да се инволвира во војната во Сирија, Цели на терористите можат да бидат армијата и полицијата во округот Шанлурфа. Има разузнавачки информации дека меѓу целите се Анкара и Истанбул, каде има голем број амбасади, се истакнува во извештајот.
Во документот се посочува и дека во последно време е зголемен бројот на турски граѓани кои се борат во странство и организираат самоубиствени напади во Турција. Додека повредените турски и странски борци се сместуваат во болници во граничните окрузи на Турција.
Во извештајот се наведува и дека различни организации и имами во Турција водат пропаганда во корист на ИД, а некои сириски бегалци исто така им помагаат на терористите.– Терористичките групи Исламска држава и Џебхат ал Нусра во Турција формирале четири кампови за обука, во кои се наоѓаат околу 14.700 луѓе од