Општина Гази Баба во руралниот дел може да обезбеди локации за 700 куќи во рамки на проектот „Купи куќа за млади“. Градоначалникот Тони Трајковски денес го информираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше во посета на општината, дека предложените локации се Црешево и Трубарево.-Во Црешево би можело да се изведат локации за стотина куќи. Втората локација е Трубарево таму околу 600 локации. Првите ќе ги разработиме, а за останатиот дел доставивме до Министерството за транспорт и врски да биде направен планот. Овие стотина веќе за еден месец ќе може да почнат да се објавуваат, истакна Трајковски.
Груевски потенцираше дека ќе има голем интерес на граѓаните и побарувачка бидејќи условите, како што рече, се многу поволни.
Градоначалникот додаде и дека воновата населба хиподром 2 кад еима десетина куќи веќе има голем интерес.-Во Црешево би можело да се изведат локации за стотина куќи. Втората локација е Трубарево таму околу 600 локации. Првите ќе ги разработиме, а за ос