Околу 7000 наставници од средните училишта во Р. Македонија ќе добијат обука за примена на интерактивни методи во наставата по примерот на Јуниверзити колеџот од Лондон. Предавачи од Лондон веќе спроведуваат неколкудневна обука на 80 советници од Бирото за развој на образование кои подоцна ќе треба да го пренесат своето знаење на наставниците.Македонските наставници ќе добијат обука за активно учење, креативна настава, критичко размислување и воведување на ИКТ во училниците.
-Станува збор за еден од топ 20 универзитети од Шангајската листа со кој што Бирото за развој на образование и МОН имаат склучено договор преку кој што овој реномиран универзитет вршеше во изминатите неколку денови директна обука на советниците од Бирото за развој на образование и на дел од наставниот кадар. Се со цел да се овозможи примена на нови интерактивни методи на настава, спроведување и зголемување на интензитетот на групната работа и секако развојот на критичката мисла во процесите кои што можат и треба да ги следат сите реформи кои што ги спроведуваме во Р. Македонија. Пред се во делот на имплементацијата на новите наставни програми кои што ги спроведуваме со меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој денеска присуствуваше на последниот ден од обуката.
Тој посочи ваквиот тип на директни обуки од најреномирани центри ќе продолжат и во иднина, а се планира тие да бидат и интензивирани.
Еленор Харгрифс, предавач од Институтот за образование во Лондон истакна е импресионирана од посветеноста и креативноста на советниците од Бирото за развој на образование и се надева дека ќе бидат одлична поддршка за македонските наставници.
-Нашиот пристап се фокусираше на модел кој што покажува како наставата треба да се одвива во училниците, па така наместо да се држи настава за активно учење, ние всушност правевме активно учење. Истото се однесува и на креативната настава, развивањето на критичката мисла и употребата на ИКТ во училниците, рече Харгрифс.Македонските наставници ќе добијат обука за активно учење, креативна настава, критичко размислување и воведување на ИКТ во училниците.