ОКТА донираше бесплатен влез за повеќе од 700 деца на Златно славејче

Повеќе од 15 години по ред ОКТА е поддржувач на музичката манифестација наменета за децата од различни посебни основни училишта и институции од целата држава.Повеќе од 700 деца од социјално загрозени семејства, деца без родители и со посебни потреби од цела Македонија го следеа првиот, хуманитарен ден од 44- от по ред Фестивал на детската песна „Златно славејче 2014“. И оваа година, покровител на хуманитарната претстава е компанијата ОКТА, којашто повеќе од 15 години по ред е поддржувач на овој настан.
„Златно славејче има воспоставено долга традиција и е дел од сечие детство. Тоа е момент на игра, песна, смеа и неизмерна радост. Токму затоа, сите деца треба да ја имаат подеднакво можноста да бидат дел од овој музичкиот настан. Дадената поддршка во изминатите години и посебно детската реакција на секое фестивалско издание, само нè увери во намерата дека треба да останеме и понатаму пријател на овој фестивал“, изјави Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност.
На овој хуманитарен фестивалски ден беа присутни децата од посебните основни училишта, „Иднина“ и „Д-р Златан Сремец“ од Скопје, „Маца Овчарова“ од Велес, „Св. Климент Охридски“ од Струмица, и „Симче Настески“ од Тетово, како и од Заводите за рехабилитација „Топанско поле“ и „Димитар Влахов“- за слепи лица – Скопје, Заводите за згрижување „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“, децата од СОС Детско село и од Домот за деца без родители „11 Октомври“ и многу други.Повеќе од 700 деца од социјално загрозени семејства, деца без родители и со посебни потреби од цела Македонија го следеа првиот, хуманитарен ден од

Пронајдете не на следниве мрежи: