Ваквата здрава навика лесно може да премине во опасна зависност, доколку претерате со самозадоволувањето.Нема ништо лошо во тоа повремено да мастурбирате, но внимавајте да не претерате.
Запоставување на социјалниот живот
Сексолозите ја препорачуваат мастурбацијата како нешто сосема нормално и како дел од секојдневниот живот. Сепак, доколку попрво избирате да останете дома и да се посветите на самозадоволување гледајќи некој порно филм, наместо да излезете со пријателите или девојката/дечкото треба сериозно да размислите за тоа дали сте претерале.
Проблеми со ејакулација
Некои мажи постојано се самозадоволуваат со истиот начин што пак може да предизвика сосема спротивен ефект кога имаат секс со жена. Во овој случај ејакулацијата може потполно да изостане.
Постојано мислите на мастурбација
Едно е кога го правите тоа повремено, а сосема друго е кога едвај чекате да ви заврши работното време за да се фатите на „работа“. Денот почнува и завршува со помислата дека треба да свршите.
Не можете да се откажете
Еден од главните показатели дека сте ја претвориле мастурбацијата во зависност е тоа што не можете да се откажете од неа. Исто како коцкањето и алкохолот, веќе немате контрола врз себе и не признавате дека нешто не е во ред.Нема ништо лошо во тоа повремено да мастурбирате, но внимавајте да не претерате.
Запоставување на социјалниот живот