Оланд: Има 50 повредени и се во критична состојба

Околу 50 повредени луѓе во синоќешниот напад во Ница се борат за живот, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.Тој додаде дека бројот на загинати изнесува 84, а околу 50 лица се во критична состојба, посочи Оланд по посетата на болница во Ница.
Оланд, кој заедно со премиерот Мануел Валс пристигна во Ница, истакна дека целта на лицето кое го изврши терористичкиот напад била да ја „погоди Франција“.
Тој додаде дека меѓу загинатите поголем број се странци и деца и предупреди дека борбата против екстремистички групи ќе биде долга бидејќи тие сакаат да нанесат удар врз западните вредности.Тој додаде дека бројот на загинати изнесува 84, а околу 50 лица се во критична состојба, посочи Оланд по посетата на болница во Ница.
Оланд

Пронајдете не на следниве мрежи: