Олга Ристеска: ГИ ОСКВЕРНАВИВТЕ СИМБОЛИТЕ НА НАШАТА ТРАГИЧНА ИСТОРИЈА

Понесени од бесот и омразата,понесени од силната желба за власт го осквернавивте споменикот на децата бегалци од егејска Македонија. И што мислите дека направивте? И дали воопшто мислите со вашите усвитени глави. Многу не повредивте. Не ви е прв пат.И зошто сакате да не повредувате.
Ние сме горди Македонци.
Можете се да направите,се. Не можете да го избришете нашето потекло.
Не можете да ја избришете нашата историја.
Не можете да ги пресечете нашите корени.
Скрнавете ги нашите споменици,Ние пак ќе градиме.
Во нашите скршени срца не можете да влезете.
Што ли ќе речат нашите предци…какви луѓе сте вие…
За ова ли се бореа и загинаа,за вие да плукате по историјата…ако воопшто и знаете што е историја.
На место да се поклонувате пред спомениците ,вие ги скрнавите…
Се прашувам,зошто да молчиме пред вистината? Зошто?
Зарем не е доволно што не уништија? Зарем не е доволно што не протераа?
Зарем не е доволно што не раселија?
Треба  да молчиме и патиме?
Треба да ви простиме?
Да заборавиме?
Не ни се доволни клетите Грци…па сега треба и вас да ве носиме на грб?
Знаете ли колку болка носам во себе? Дали знаете?
Дали сте свесни колку ме повредивте ?
Ме ранивте…
Ги убивте уште еднаш моите претци…уште еднаш ги закопавте…
Какви луѓе сте вие? Кога ги повредувате своите.
Вака ли ја сакате Македонија?
Вака ќе се борите за Македонија?
Вака ли?
Вие сте непријател број еден на Македонија. Вие не ја сакате вашата земја,вашите  корени,вашата историја…не.
 Сакате само едно…власт,власт,власт. Вака ли се доаѓа на власт? Вака народот ќе ви ја даде  довербата? Народот нема во вас доверба. А знаете ли зошто? Затоа што одма ќе ја продадете  нашата земја, нашето име.
Тоа нема да се случи наредните сто години.
Што сакате правите,ама власт над нашата Македонија никогаш нема да добиете,,,никогаш.
 Ние сме горди Македонци и ќе бидеме.
 После ова вие за нас не постоите.
 Солзите наши еден ден ќе ве стигнат.
 Потомците ваши еден ден ќе се срамат од вас.
 Да, не повредивте многу,но ние сме уште посилни.
 А бидете сигурни дека ќе бараме одговорност од вас за тоа што го направивте.
 Ќе одговарате пред сите нас,пред Македонскиот народ.
 Ќе бидете запишани во историјата како најголеми предавници на својот народ.
Ќ се гадат и срамат од вас идните генерации. Исто како што се срамам и јас.
 Со секое ваше плукање ние сме уште посилни, посплотени.
 ГИ ОСКВЕРНАВИВТЕ СИМБОЛИТЕ НА НАШАТА ТРАГИЧНА ИСТОРИЈА…
 ПРОКЛЕТИ ДА СТЕ.НЕ ПОВРЕДИВТЕ КАДЕ НАЈМНОГУ НЕ БОЛИ…ИМА ДА ОСЕТИТЕ  ПОГОЛЕМА БОЛКА…
Пишува Олга РистескаИ зошто сакате да не повредувате.
Ние сме горди Македонци.
Можете се да направите,се. Не можете да го избришете нашето потекло.

Пронајдете не на следниве мрежи: