Над 170.000 евра ги чинеше граѓаните неуспешната полициска акција која во април годинава ја водеше тогашниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пишува Пресс24.Без да уапси ниту едно лице, Спасовски според информациите до кои дојде порталот, ангажирал 1495 полициски службеници кои за потребите на акцијата реализирале 32.226 работни часови, за што граѓаните платиле 130.684 евра.
Само за храна за полициските службеници, поради промашената акција на Спасовски, граѓаните платиле 21.359 евра за вкупно 4.400 оброци.
Спасовски ангажирал и 176 возила на МВР и 6 автобуси. Сите заедно вкупно поминале 1506 километри. Најмногу се користеле возилата „Џип Чироки“ а по нив „Пинц гауер“ и „Дефендер“, пишува Пресс24.
Ниту хеликоптерите на останаа во хангарите на МВР. Спасовски 22 пати ги подигнал полициските транспортни хеликоптери М17 за да врши транспорт, што вкупно, според податоците до кои дојде порталот чинело 22.000 евра.
Треба да се напомене дека ставката од 175.000 воопшто не е мала дури и за македонската полиција. За споредба, едно полициско возило од моделот „Спарк“ со кого полицајците патролираат по градските средини на тендерот кој го реализираше МВР чинеше околу 8.000 евра, што значи дека доколку Спасовски не се излеташе со оваа акција која не даде никаков резултат, полицијата без проблем ќе можеше да си купи повеќе од 20 вакви возила. Познавачите на состојбите во МВР велат дека оваа сума е доволна и комплетно да се опремат сите припадници на специјалните единици, се вели во текстот на порталот.
Но за Спасовски очигледно тоа не било приоритет. Два дена сееше страв меѓу граѓаните, особено во Липковскиот регион за на крајот да излезе пред камерите и да ја излаже јавноста дека воопшто немало полициска акција, иако за тоа, потрошил неверојатни 175.000 евра.
Интересно е дека мандатот на Спасовски го одбележаа серија промашени полициски акции кои предизвикаа потсмев во јавноста но и голем срам за Македонија во меѓународни рамки.
Таков беше случајот кога Спасовски иако знаеше дека станува збор за техничка грешка за што бил навремено информиран, тој излезе на прес конференција во обид да отвори „афера“ за наводи фалсификувани лични карти, што наиде на остри реакции од страна на странската компанија која ги произведува личните документи, пишува Пресс24.
Јавноста памети и дека главна преокупација на Спасовски во неговото кратко и исклучително неуспешно министерување беше каков автомобил ќе вози и каков мебел ќе има во својата канцеларија, а на прес конференциите се фокусираше на тоа, кој какво обезбедување имал. Полициските службеници велат дека периодот кога Спасовски им бил министер ќе го паметат како време во кое полицијата служела за потсмев поради крупните грешки на првиот човек. Тие коментираат дека вистинска катастрофа ќе биде доколку овој човек, повторно се врати на чело на МВР согласно меѓупартиските договори.Без да уапси ниту едно лице, Спасовски според информациите до кои дојде порталот,