Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски воопшто не бил запознаен дека обвинителството спроведува акција за сузбивање на криминалните активности на лицата осомничени во „Фабриката за афери“, лица со кои според пишувањата во медиумите бил во блиски релации.Акцијата ја спровеле стручни професионалци од МВР од Одделот за организиран криминал кои му биле доделени на надлежност на Јавниот обвинител.
На денешната прес конференција јавниот обвинител Јован Цветановски потврди дека акцијата ја спровело Обвинителството и професионални истражители од МВР.
Обвинителите што постапуваат по предметите дадоа наредби за преземање истраги и дејствија до Одделот за организиран криминал при МВР и другите единици при Министерството, кои се надлежни за различни видови вештачења, истана Цветановски
Експертите кои ги консултиравме велат дека ваквите акции се активности за кои министерот за внатрешни работи не е запознаен.
Заради тајност на постапките и превенција од влијанија, на Јавниот обвинител му се доделуваат специјални истражители од МВР, на кои Обвинителот им дава наредби за постапување, и за тие наредби истражителите не известуваат ниого од структурата ан МВР.
Експертите велат дека пости можност Спасовски да не бил известен за акцијата и заради основите на сомневање дека можеби постојат конекции на осомничените со Спасовски.
Со овој факт се демантира лагата на Спасовски дека наводно тој ја спровел акцијата.Акцијата ја спровеле стручни професионалци од МВР од Одделот за организиран криминал кои му биле доделени на надлежност на Јавниот обвинител.