Оливер Стоун: „Се движиме кон војна со Русија која ќе биде погубна за Америка“

Славниот американски филмски режисер Оливер Стоун, јавно ги поддржа претседателските амбиции на сенаторот Берни Сандерс.Својата одлука ја објасни во текстот „Зошто сум за Сандерс“, во кој прво објасни поради што не ја поддржува Хилари Клинтон.
Тој објасни дека Хилари ја смета за „пожестока копија на Барак Обама“, па нагласи:
„Клинтонова суштински ја затвори вратата кон светот. Нејзиното божество е – НАТО. Според нејзиното уверување, тоа најдоброто што САД во новиот `американски век` го имаат за извоз. Бидејќи мозокот ѝ го испраа неоконзервативците, таа верува во `руската агресија` иако САД се тие што го изведуваат најголемото натрупување на војници и техники покрај границите на Русија по она што Хитлер го направи пред почетокот на Втората светска војна.“
Истовремено, Стоун предупреди: „Се движиме кон војна – или хибридна, која треба да ја присили Русија да се поклонува какво во 90-тите години, или кон вистинска војна која ќе ја погуби нашата земја. Виновниците за тоа ќе бидат реалистите во заблуда во државното раководство на САД, коишто во името на реализмот ќе ја конструираат својата параноична реалност.“
Стоун потсети дека Клинтон во својата биографија има „варварска поддршка за никарагванските контраши против народот“, поддршка за бомбардирањето на Југославија, поддршка на војната против Ирак која ја започна Буш помладиот, одговорност за уништувањето на Либија, воениот пуч во Хондурас и обид за менување на режимот во Сирија.
Уште и оцени:
„Секоја од овие `епизоди` само го има зголемено екстремизмот и хаосот во светот, а и опасноста која ѝ се заканува на Америка.“
После сето ова, славниот режисер напиша: „Поради сето ова, продолжувам да се молам за Сандерс бидејќи тој е единствениот којшто е подготвен и покрај финансиско-буџетските причини да ги прекине нашите воени интервенции во странство и да ги врати нашите трупи во земјата за да не трошиме повеќе милијарди долари на зло, туку да се обидеме да си ја заштитиме нашата земја преку реална реконструкција – со вложување средства во луѓето, училиштата и инфраструктурата.“
Истовремено, Стоун посочи дека против американските интервенции истапува и републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Меѓутоа, тој истакна дека моќните сили нема да му дозволат на Трамп да ја преземе претседателската власт во САД.Својата одлука ја објасни во текстот „Зошто сум за Сандерс“, во кој прво објасни поради што не ја поддржува Хилари Клинтон.
Тој

Пронајдете не на следниве мрежи: