Оливера Наковска-Бикова се пласираше во финалето на Параолимписките игри во Рио

Македонската претставничка на Параолимписките игри во Рио, Оливера Наковска – Бикова успешно ги мина квалификациите и се пласира во финалето во дисциплината воздушен пиштол 10 метри.Во конкуренција на 19 натпреварувачки Наковска – Бикова е трето рангирана со 374 кругови или два помалку од водечките две натпреварувачки.
Во финалето на стрелиштето ќе бидат осумте први од квалификациите.
Борбата за медали ќе стартува во 16:45 часот по македонско време.
Наковска – Бикова е актуелна олимписка шампионка во оваа дисциплина од Параолимписките игри во Лондон.Во конкуренција на 19 натпреварувачки Наковска – Бикова е трето рангирана со 374 кругови или два помалку од водечките две натпреварувачки.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.