Обединетите нации и САД го осудија во неделата нападот врз логорот на иранските бегалци дисидентите во кој се убиени 5 а ранети 25 лица.Иранската дисидентска група Миџахедин-е-Халк (МЕК) соопшти дека во нападот со минофрлачи и ракетни врз кампот „Либерти“ (Хурија) близу Багдад, во кој се сместени нејзините припадници, убиени се најмалку шест лица.Овие бегалци, припадници на организацијата Муџахедин-е-Калк, дојдоа во Ирак во време на иранско-ирачката војна од 1980 до 1988 година со помош на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, од каде водеа вооружени напади врз Иран. Сега тие повикуваат на соборување на властите во Техеран, поради што ја имаат поддршката на западот.Со договорот од 25-ти декември 2011 година што го склучија Иран и Обединетите нации, ирачката влада околу три илјади бегалци од Ашраф мораше да ги префрли во Хурија, која е последната станица пред да бидат вратени во нивните домови.Групата се обидува да се реконструира во политичка опозициска партија, меѓутоа повеќе не е добредојдена ниту во Ирак, каде на власт до 2003 година се мнозинските шиити, додека МЕК како и Садам Хуесин се припадници на сунитските муслимани кои се малцинство во Ирак а се доминантни во соседен Иран.Американскиот Стејт департмент остро го осуди „дивјачкиот и бесмислен напад“ и побара од ирачките власти да преземат истрага и мерки за да се зголеми безбедноста на лицата сместени во логорот.Нападот го осуди и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун. Од МЕК, пак, ги обвинуваат ОН дека ја минимизира сериозноста на нападот врз иранските дисиденти во Ирак. Во април 2011 година беа убиени 34 лица во логорот Ашраф, во ирачката покраина Дијала, откако врз припадниците на МЕК кои биле сместени во овој логор оган отворија ирачките безбедносни сили.
МакфаксОбединетите нации и САД го осудија во неделата нападот врз логорот на иранските бегалци дисидентите во кој се убиени 5 а ранети 25 лица.