Обединетите нации првпат по епидемијата на колера на Хаити во 2010 година признаа дека војниците на ОН имале клучна улога во ширење на болеста, од која настрадаа речиси 10.000 луѓе, а повеќе стотици илјади беа инфицирани.Портпоролот на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека Светската организација мора „да направи многу повеќе“ за епидемијата на Хаити и вети „нова серија акции на ОН“ како одговор на последиците од кризата.
Граѓани на Хаити се обидоа да ги тужат Обединети нации поради одговорност за епидемијата, но Организацијата се повика на дипломатски имунитет.
Американскиот апелациски суд синоќа го поддржа „имунитетот на ОН по повод барањата што ги поднесоа жртвите на колерата на Хаити“.
Епидемијата на колера на Хаити се случи по земјотресот во 2010 година. Бидејќи болеста дотогаш не беше забележана во земјата, епидемијата се поврзува со присуството на војниците на ОН од Непал, каде колерата тогаш беше раширена.Портпоролот на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека Светската организација мора „да направи многу повеќе“ за епидемијата н