Како што се менува климата на планетата, така фаталните поплави стануваат огромна закана за светот, се вели во извештајот на канцеларијата на Обединетите нации за намалување на ризиците од катастрофи.Светската организација заклучува дека три од 10-те најголеми природни катастрофи во 2015-та биле поплавите.
Според статистиката, поплавите биле природна непогода број еден во сад, кои за санирање на последиците, во просек годишно, трошат 3,5 милијарди долари.
Обединетите нации во својот извештај наведуваат дека во период од само 24 часа, четири смртоносни поплави, вклучувајќи ја онаа во скопскиот регион, се случиле на различни краеви на светот.
Во текстот на светската организација се пишува за поплавата во Судан, како резултат на највисокото ниво на реката нил во последните 100 години.
Во оваа африканска земја на шести август загинале 76 луѓе, уништени биле 16 илјади домови, а погодени биле 80 илјади луѓе во 13 провинции.
Истиот ден поројни дождови го зафатиле пакистанскиот град Карачи.
Во водената стихија загинале 10 луѓе, а половина град останал без струја.
Како трета непогода, предизвикана од дождовите, се наведува токму саботната поплава во Македонија.
Обединетите нации нотираат дека дождовите и ветровите со брзина од 80 километри на час, предизвикале лизгање на земјиштето кое го попречила движењето на околу 70 возила на автопат.
Во речиси идентичен временски интервал се случиле и поплавите предизвикани од монсунските дождови во Индија.
Според светската организација, во водената стихија загинале околу 100 луѓе, а милион морале да ги напуштат домовите.Светската организација заклучува дека три од 10-те најголеми природни катастрофи во 2015-та биле поплавите.
Според статистиката, поплавите