ОН повика на борба против нелегалното тргување со дивите видови

Агенцијата за околина при Обединетите нации (UNEP) повика во неделата во Бангкок на Конвенцијата за меѓународната трговија со загрозените видови (CITES) земјите во светот да се придружат на борбата против нелегалното тргување со растителни и животинските видови, криминалниот бизнис во кој се вртат милијарди долари поради што би можело да исчезнат некои видови како што се слоновите или носорозите.

 Претставници на 178 земји расправаат за новите планови за заштита за загрозените флори и фауни, при што се потсетува дека со овој документ во моментот треба да се заштитат околу 35 илјади животни и растенија.
CITES е договорот потпишан во Вашингтон во март 1073 година за да се стави крај на растечката илегална трговија со дивата флора и фауна. Годенешната средба се смета најкритичната во историјатот на овој договор, бидејќи многу растителни и животински видови се соочени со глобалната „криза на изумирање”.
Дозволениот глобален увоз на дива флор аи фауна годишно достигнува вредност од околу 300 милијарди американски долари, а дозволите за комерцијална трговија ги издава CITES меѓутоа поради тајното гласање многумина сметаат дека делегациите на CITES често го ставаат комерцијалниот интерес пред потребата за зачувување на видовите. На ова заседание се очекува и ограничување на тајното гласање.
Што се однесува до видовите, моментално најзагрозени се африкански слонови, носорозите и поларните мечки. Американската делегација бара целосна забрана на трговијата со делови од поларните мечки, на што се спротиставуваат Русија и Канада.
САД и Кина заедно бараат ограничување на трговијата со азиски желки, а според Ахим Стејнер, извршниот директор на UNEP, најалармантна е ситуацијата со африканските слонови и носорози коишто поради ловокрадците го доживуваат најголемиот отстрел во последните две децении. Имено, во Азија е сѐ поголема побарувачката на нивните коскени израстоци, а ловоградците одговорија на побарувањето на пазарот. Затоа, на конференцијата којашто ќе трае две седмици една од главните теми ќе биде заприањето на трговијата со „крвава слонова коска”.
Ловокрдците минатата 2012 година во Јужноафриканската Република убиле 668 носорози, а од почетокот на 2013 година убиени се повеќе до 100. Тајланд веќе долго време е прозиван поради шверцот со слонова коска, меѓутоа тајландската влада на Јинглук Шинаватра вети дека ќе му стави крај на ова. Извршниот директор на CITES, Џон Сканлон предупреди дека убивањето на слоновите и носорозите е толку масовно што би можело да се закани и на самиот опстанок на овие животни и ги повика двете илјади учесници на конференцијата сериозно да се позанимаваат со прашањата кои се поставени пред нив.
На маса ќе бидат ставени дури 70 предлози, а земјите членки ќе одлучат дали ќе ги зголемат или ќе намалат новоата на заштита на видовите. Се очекува дека дополнително ќе бидат заштитени некои видови ајкули. Според официјалните податои, годишно поради комерцијален лов се убиваат повеќе од 100 милиони морски кучиња, а исто така сериозно се загрозени и ражите.
Стејнер потсетува дека пристигнале и предлози за заштита на растителните видови кој се комерцијално важни за дрвната индустрија, а половината од нив се од Мадагаскар. Според него, околу 90 отсто од светската трговија со градежно дрво е илегално. Вредноста на тој криминал годишно достигнува најмалку 30 милијарди американски долари. САД бараат музичките инструменти, од кои многу се прават од загорзено дрва, да се воведат посебни пасоши.
Макфакс
Агенцијата за околина при Обединетите нации (UNEP) повика во неделата во Бангкок на Конвенцијата за меѓународната трго

Пронајдете не на следниве мрежи: