Она што не може да се купи со пари, може да се купи со повеќе пари!

На сите ни е добро познато дека на богатите и славните главно се им е „сервирано“ и лесно. Велат – кога имаш пари имаш се! Но секогаш постојат начии на кои  животот може уште повеќе да се поедностави.
Бизнис инсајдер пренесе 14 неверојатни услуги кои веројатно никогаш нема да можете да си ги дозволите, ако воопшто ги посакате.
Погледнете кои се тие:
1. Осигурување за скапи уметнички дела
Овде сепак не се мисли на вообичаено осигурување со кое ви се исплаќаат пари ако уметничките дела се оштетат или уништат. Се работи за специјално осигурување кое во случај на опасност испраќа тим специјалци со хеликоптер па ги префрлува уметничките дела на сигурно.
2. Ноќни бебиситерки
Доколку познато лице или богаташ е во фаза на доење на своето дете, ноќната беби – ситерка доаѓа и ја буди во одредени временски периоди, а по завршувањето на доењето го носи детето назад во креветчето и го успива.
3. Туристички агент кој се грижи буквално за се
Ова лице презема обврска за летови, хотели и визи на богатите, а исто така ги менува нивните пари во странска валута ако патуваат во странство; накусо, тој работи се, освен што не патува.
4. Стилист на божиќни елки
За неверојатни 20.000 долари рачно изработена декорирана елка секоја година доаѓа во вашиот дом и се зема на 1 февруари.

5. Помошници при облекување
Овие експерти организираат и купуваат комплетна гардероба на својот клиент. Покрај тоа, водат дури и грижа за конфекцискиот број на лицето кое го облекуваат па премеруваат два пати годишно, во описот на дејноста спаѓа и следење на новите модни трендови.
6. Болница во вашиот дом
Ако имате пари за тоа, вашиот дом може да се претвори во целосно опремена болница со приватен лекарски персонал!
7. Носење и испраќање на проститутки
Доколку имате јахта, онесвестените проститутки на неа повеќе нема да ви бидат проблем. Имено, за одредена сума на пари можете да изнајмите човек кој девојките ќе ги врати назад на брегот, па ќе ви донесе нови.
8. Ексклузивно кино
Во вашиот дом можат да бидат достапни  и најновите филмови во исто време кога се прикажуваат во кината!
9. Апартмани во спортски и концертни сали
На пример, во „Медисон Сквер Гарден“ можете да се сместите во апартман со стаклен ѕид низ кој се пружа поглед на подиумот. Исто така имате и пристап до соба низ која играчите поминуваат кога од соблекувалните одат кон теренот.

10. Затоплени дворови
Повеќе нема чекање на чистачи на снег. Вашиот двор или автомобилски приод може да има подно греење и да го топи снегот додека вие уживате во топлината на домот!
11. Семоќен сигурносен систем
Се на едно место! Овој уред во домот на богатите го контролира алармот, термостатот, па дури и помалите апарати како АјПад.
12. Семејна канцеларија
Оваа финансиска централа ве обезбедува со книговодители, инвестициски советници, адвокати, осигурители и персонал кој се грижи за сите ваши финансиски потреби.
13. Летови без сигурносни проверки
Познато е дека богатите и славните лица патуваат со приватни авиони. Но, она што не го знаат сите е дека притоа ниту тие лица ниту нивниот багаж не поминуваат низ сигурносна проверка која е вообичаена на аеродромите.
14. Американ Експрес платинеста и црна картичка
Илјадници луѓе во светот не ги купуваат своите влезници, не ги планираат своите свадби, не договараат лекарски прегледи и не доаѓаат по своите деца во градинките и училиштата – за тоа се грижи ексклузивен персонал на Американ Експрес.На сите ни е добро познато дека на богатите и славните главно се им е „сервирано“ и лесно. Велат – кога им

Пронајдете не на следниве мрежи: