Оние кои имаат почести активности под чаршафите имаат и повеќе пари!

Една студија тврди дека бројот на сексуални односи кои ги имате во текот на седмицата може да влијае на количината на пари кои ги заработувате. Оние кои имаат почести активности под чаршафите имаат и повеќе пари на сметката во банка, а оние кои помалку обрнуваат внимание на сексот имаат потенок паричник.
Студијата која вклучува 7500 луѓе од 26 до 50 години, откриле дека оние кои имаат сексуални односи барем 4 пати неделно се меѓу луѓето кои најмногу заработуваат ( барем во Грција каде што е спроведено истражувањето).
Резултатите останале исти како и кога истражувачите зеле во предвид и други фактори како што се едукација и професија.
Можеби ова значи дека луѓето кои работат на добро платени места имаат јако либидо или оние кои сакаат пари сакаат и секс.
Иако авторот на ова истражување, Др.Ник Драјдакис, не е сигурен како сексот е поврзан со заработувањето но претпоставува дека луѓето кои повеќе заработуваат имаат повеќе пари кои може да ги одвојат на излегувања.
Исто така се претпоставува сека и оние кои многу заработуваат се попривлечни.
Драјдакис верува дека оние кои имаат најмногу секс се посреќни, поздрави и помалку склони на емотивни проблеми кои можат да влијаат и на успехот на работата. Оние испитаници кои имале повеќе секс, повеќе излегуваат и меѓу нив е помал бројот на оние со хронични заболувања, како болести на срцето, артритис или дијабетес.
С.А.
Извор: ТЗМ.МКОние кои имаат почести активности под чаршафите имаат и повеќе пари на сметката во банка, а оние кои помалку обрнуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: