Опасно: Шумахер добил воспаление на белите дробови

„Кај пациентите на интензивна нега, имунолошкиот систем слабее, така што може да предизвика откажување на органите и смрт“, објаснува професорот Хајнц Петер Меке. Тешко повредениот седумкратен шампион на Формула 1 – Михаел Шумахер доби пневмонија (воспаление на белите дробови) во болницата во Гренобл.
Пред две и пол недели докторите почнаа да го будат Германецот од вештачката кома, укинати му се седативи, а се уште не е јасно кои се последиците од пневмонија и дали се престанало со будењето поради тоа.

Сабине Кем, агент на 45-годишниот Германец, изјави дека не сака да коментира за шпекулациите.
„Воспалението на белите дробови е инаку опасна и сериозна болест, затоа што телото добива помалку кислород и генерално е послабо. Кај пациентите на интензивна нега, имунолошкиот систем слабее, така што може да предизвика откажување на органите и смрт“, објаснува професор Хајнц Петер Меке. Тешко повредениот седумкратен шампион на Формула 1 – Михаел Шумахер доби пневмонија (воспаление на белите дробови) во болницата во Гренобл.

Пронајдете не на следниве мрежи: