ОПАСНОСТА ДЕМНЕ: Мобилен телефон во комбинација со овие пломби претставува смртна закана!

Имате ли амалгамски пломби? Користите ли мобилен телефон? Доколку одговорот на овие прашања е потврден, тогаш вашето здравје е загрозено и се наоѓа во голема опасност.Постојат голем број на истражувачи кои предупредуваат за опасноста од радиофреквентните електромагнетни бранови кои ги емитуваат мобилните телефони.
Исто така, има и доста истражувања кои укажуваат на ризикот кој по здравјето го претставуваат пломбите со жива. Меѓутоа, она што не сте го знаеле е тоа дека најновите истражувања покажуваат дека овие два ризици се поврзани.
Електромагнетното зрачење може да предизвика зајакнато испуштање на жива во организмот
Новите студии покажаа дека изложувањето на електромагнетно зрачење, а посебно зрачењето на мобилните телефони, го зголемува ослободувањето на живата во организмот од амалгамските пломби.
Меѓутоа, извори на електромагнетно зрачење не се само мобилните телефони, туку и компјутерските монитори, WiFi, телевизијата, микробрановите печки и други уреди. Амалгамските пломби се покажале како најголем извор на жива во организмот, што не е ниту малку добро бидејќи живата е потенцијален невротоксин кој може да предизвика разни имунолошки и невролошки пореметувања.
Хроничното изложување на жива најмногу влијае на нервниот, имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем
Според зборовите на д-р Расел Блејлок, нервниот, имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем најмногу се погодени од штетните ефекти на хроничното изложување на жива.
Тој, исто така укажува на тоа дека сѐ повеќе докази има за тоа дека токсичноста на живата има клучна улога во бројни случаеви на Алцхајмерова болест и другите невродегенеративните болести. Истражувањата покажаа дека забните амалгамски пломби постојано ослободуваат живина пареа и дека 80% од таа пареа веднаш се апсорбира во градите и крвотокот.
Кога ќе се најде во крвта, живината пареа веднаш може да влезе во клетките.

Смртоносниот спој на електромагнетното зрачење и жива создава електрична струја во устата
Ова смртоносно комбо делува и по пат на галванизам. Амалгамските пломби создаваат електрична енергија која го зголемува ослободувањето на пареата на жива и предизвикува други штетни ефекти. Ова струја се мери во микроампери и во главно изнесува околу 5 микроампери. Клиничките студии за оралниот галванизам откриле дека струјата преку 5 микроампери предизвикува значителни здравствени проблеми во организмот, вклучувајќи главоболка, мигрена, вртоглавица и мачнина.
Сите тие симптоми исчезнуваат кога амалгамските пломби ќе се заменат.
Изложувањето на електромагнетното зрачење е поврзано со труењето и алергиските реакции
Една клиничка студија откри дека разликите на електричниот потенцијал преку 50 миливолти се патолошки и дека предизвикуваат галванизам, леукоплакија или токсични и алергиски реакции. Студиите, исто така покажале дека лицата кои повеќе се изложени на електромагнетно зрачење слично како она од микробрановите печки, имаат поголемо ниво на жива во организмот и дека лачат поголема количина на жива.
При претходни студии на животни и луѓе, откриено е дека електромагнетното зрачење предизвикува истекување на клеточен карцином и дека влијае на хомеостазата на калциумот, што претставува фактор кој го намалува нивото на мелатонинот. Тоа е важно заради тоа што мелатонинот заштитувa од штетните ефекти на живата и слободните радикали, регулирајќи го и циркадијалниот ритам.
Како да се заштитите од електромагнетно зрачење
1. Избегнувајте користење на мобилен телефон или пак почеста и претерана употреба.
2. Избегнувајте почесто користење на Wi­Fi и други безжични мрежи.
3. Избегнувајте употреба на лаптопи и слични уреди во своето крило.
4. Поместете го својот кревет на најмалку 15 см од ѕидот и од сите потенцијални електромагнетни бранови.
Најдобар начин за заштита е да си набавите свој електромагнетен мерач на зрачење и на време да ги идентификувате местата со најголема количина на зрачење.
Како да се заштите од жива­та
Најдобар начин е да ги заменете амалгамските пломби доколку ги имате и тоа со нови пломби без жива.

Пронајдете не на следниве мрежи: