Опасноста од Голема Албанија е реалност?

Насловот не е сензационален во обид да ве придобијам да го причитате. Напротив, одразува сериозен став и информација која треба да ја знаете. Вие имате право да бидете информирани. А што потоа ќе си мислите е ваша работа. 
Денеска по интернетот кружи колумната на Џон Шиндлер, објавена во Обзервер точка ком, насочена против Путин а во врска со Балкан…И се делува фино и обично, си се тепаат америте и русите за превласт, па си пишуваат едни на други итн…
Ама не е така. Шиндлер е поранешен вработен на ЕНЕСЕЈ {NSA}(значи и сегашен, само во некоја друга форма) и истиот зборува отворено за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА. Неговата теза е дека оваа ФАШИСТИЧКА ТВОРБА (забелешка моја) доаѓа на еден или друг начин. 
Овој аналитичар, толку денеска ќе ја објави истата, кога на гости го имавме Хојт Ли (личи навистина на Брус Ли), претставникот на ДИП СТЕЈТ (термин кој се користи кога се објаснува паралелната држава на демократите и СОРОС) кој наспроти сите закони и процедури си го самопризна Талат за негов претседател на Собрание. Контроверзијата е далеку поголема затоа што Талат е поврзан со сомнителни активности при убиство на припадници на сили за одбрана на Македонија во војната во 2001 година. 
Значи некој како да сака да ги нареди коцките за ова што го зборува Шиндлер. Но за тезите. Еве како се сервирани. 
– Голема Албанија доаѓа! И подобро е да се оствари со мирољубиви средства. 
– Најголемиот губитник на Балкан ќе биде Македонија.
Овој „аналитичар“ во замена ни нуди членство во НАТО и ЕУ и финансиска компеназација. 
Вчера ви пишував за Фашистичка Голема Албанија (https://puls24.mk/mk/vesti/176233) и се надевам ме прочитавте. Ако не имате линк претходно. Имате таму на ДОДА (моментално најпознатиот пратеник на Албанија во Македонија) фејсбук фото каде Македонија е преименувана во Илирида. 
Се надевам дека со овој текст уште малку ви приближив колку е сериозна заканата за нашиот опстанок како држава, а според тоа и како народ. Не ме земате за сериозно?! Ваш проблем. Тука нема убедување. 
Но ако ме земате за сериозно, имате обврска нешто да сторите! Што? Па од кај јас да знам. Видете сами на што првин ќе помислите. Дали ќе зборите со семејството, комшиите, ќе протестирате, ќе се отселите во Авсатралија… Не знам. Но правете нешто. Време немаме.
Ваш, како и секогаш ЛеонардоИ се делува фино и обично, си се тепаат америте и русите за превласт, па си пишуваат едни на други итн…

Пронајдете не на следниве мрежи: